Фудбалерите на Јувентус во реваншот од осмина финалето во Лигата на Шампионите против Тотенхем (7. март) мораат да постигнат барем гол за да се пласираат во следната фаза од елитното натпреварување, а тоа ќе морат да го направат ослабени.
Имено, тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри за тој дуел нема да може да смета на четири важни фудбалери. Шампионот на Италија во првиот натпревар во Торино ремизираше со Тотенхем 2:2. Црно-белите имаа предност од два гола, но ја испуштија, па во реваншот ќе мораат да ја затрезат мрежата на Лорис доколку сакаат да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само, Јувентус до тоа ќе мора да дојде лишен од помошта на неколку значајни играчи. Како што пренесува италијанскиот „Calcomercato“, тренерот Алгери на тој натпревар нема да може да смета на Марио Манџукиќ, Блез Матуиди, Федерико Бернандески и најдобриот стрелец Гонзало Игуаин, кој го повреди зглобот минатиот викенд.
Добрата вест за шампионот на Италија е тоа што во екипата се врати Паоло Диабала, кој ќе се обиде да го надомести отсуството на Игуаин.