Реномираниот „Тајмс“ информира дека Меѓународниот олимписки комитет има намера боксот повеќе да не биде Олимписки спорт и според најавите тоа ќе се случи на Олимпијадата во 2028 година која треба да се одржи во Лос Анџелес.




Причината за укинувањето на боксот е тоа што аматерскиот бокс бил целосно неинтересен за публиката и за ТВ куќите. Освен боксот се разгледувала и можноста за укинување на спортовите како модерен петобој и дигање тегови.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Но, најголемо внимание привлече информацијата дека МОК размислува да го укине и фудбалот од Олимпијадата. Сепак, се наведува дека тоа ќе се случи само ако ФИФА успее да ја спроведе својата идеја за Мундијал на секои две години.