Дома Фудбал Останато Бока во спектакуларна атмосфера го победи Ривер на „Монументал“ 🎥

Бока во спектакуларна атмосфера го победи Ривер на „Монументал“ 🎥

Фудбалерите на Бока Јуниорс вчера во дербито против Ривер Плата славеа победа со минимални 1:0.

Навивачите на „Монументал“ направија неверојатна атмосфера, а трибините беа исполнети до последното место. Уште еднаш се покажа зошто ова дерби за многумина е најголемо во светот. Аргентинците се неверојатни фанатици кога станува збор за дуелот помеѓу Бока и Ривер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, навивачите на „Монументал“ си заминаа тажни затоа што Бока, клубот од „Ла Бомбоњера“ после пет години славеше на теренот на Ривер. Во првото полувреме Ривер беше многу подобар тим. Домаќините се закануваа на неколку пати, а во центарот на вниманието беше Јулијан Алверез кој правеше големи проблеми на гостинската одбрана.

Алварез во 30. минута направи слалом низ одбранатан а Бока излезе сам пред голманот на гостите кој на крајот го запре неговиот удар и остана 0:0. Меѓутоа Бока заигра многу подобро на почетокот на вториот дел. Гостите се заканија преку Васкез, но Армани одлично одбрани.

Пет минути подоцна стигна шокот на „Монументал“. Во центарот на вниманието беше Виља Кано кој изведе фантастичен соло продор излезе еден на еден со Армани и ја затресе мрежата. Ривер можеше да се врати само три минути подоцна. Повторно Алварез излезе сам на сам со Роси, но и овој пат голманот на Бока излезе како победник од нивниот дуел.

До крајот на мечот Кинтеро се обиде од слободен удар, создадени беа и уште две одлични прилики во последните минути, но сепак Бока ја однесе победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…