Дома Останати Кошарка НБА Богдановиќ солиден во победата на Јута, шампионот на „грбот“ на Јанис до триумф

Богдановиќ солиден во победата на Јута, шампионот на „грбот“ на Јанис до триумф

Кошаркарите на Јута се вратија на победите после двата врзани порази.

Во еден од најинтересните натпревари во изминатата ноќ Јута беше подобра од Атланта со 110:98 и така стигна до осмата победа сезонава. Најефикасен во редовите на Јута беше Донован Мичел кој постигна 27 поени. Добра поддршка на Мичел беа Богдановиќ со 18 и Кларксон со 16 поени. Кај Атланта Хуертер постигна 28, три скока и три асистенци, солиден настап забележа и Трае Јанг со 28 поени и шест асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Актуелните шампиони Милвоки Бакс забележаа триумф над Филаделфија. Шампионот беше предводен од Антетокумпо кој уфрли 31 поени и запиша 16 скока, така беше најзаслужниот за победата на неговиот тим. Од почетокот на сезоната Милвоки игра променливо и во овој момент се на учинок од пет победи и шест порази.

И во третиот натпревар кој се играше ЛА Клиперс забележаа победа на домашен терен против Портланд 117:109.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…