Дома Македонски спорт Богатинов: Не е важно дали е по 2, 3 или 4 години секогаш ќе бидам спремен да помогнам!

Богатинов: Не е важно дали е по 2, 3 или 4 години секогаш ќе бидам спремен да помогнам!

Првиот голман на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски нема да биде во комбинација за настап против Ерменија и Грузија, а на негово место е повикан Мартин Богатинов.

За Богатинов ова е враќање во репрезентацијата по пауза од цели четири години. Како што ни изјави тој е среќен поради повикот и секогаш е на располагање кога и селекцијата да има потребна од него. Покрај тоа тој испрати и порака за брзо оздравување до неговиот колега.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Прво, на Столе му посакувам што побрзо да излезе од оваа незгодна ситуација што ја има секаде околу нас и што се случува со Ковид-19. Секако дека сум среќен за повикот и враќањето во репрезентација исто како и кога го добив првиот повик. Секогаш е чест да се носи дресот на репрезентатацијата. Додека играм на професионално ниво секогаш ќе одговарам на повик во репрезентацијата без разлика дали е по 2, 3 или 4 години. Спремен сум секогаш да помогнам кога селекцијатаи има потреба од мене“, ни изјави Богатинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…