Дома Фудбал Италија Бобан спрема непријатно изненадување за Милан

Бобан спрема непријатно изненадување за Милан

Бившиот директор на Милан, Звонимир Бобан има намера да го тужи клубот за неоправдан отказ, соопштува „Тутоспорт“.

Бобан доби отказ од директорското место поради конфликт со генералниот директор на Милан, Иван Газидис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватот јавно го критикуваше Газидис во интервју за „Газета дело Спорт“ и го обвини дека му работи зад грб. Имено, Бобан тврдеше дека Газидис без негово знаење почнал преговори со тренерот Ралф Рангник.

„Не сметам дека се наоѓаме во Северна Кореја, секој е слободен да си го каже своето мислење“, изјави тогаш Бобан.

Сега „Тутоспорт“ тврди дека Бобан наскоро ќе испрати тужба и ќе се види на суд со раководството на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Ливерпул повторно мораше да постигне гол во последните минути за победа, а Арне Слот го ко…