Дома Македонски спорт Бобан Николов пред трансфер во Турција

Бобан Николов пред трансфер во Турција

Maкедонскиот фудбалер од средниот ред Бобан Николов е пред заминување од молдавскиот Шериф Тираспол кој минатата сезона беше вистински хит во Лигата на шампионите, а го победи дури и Реал Мадрид.

Турските медиуми пренесуваат дека второлигашот од Турција Маниса покажала интерес и дека отворени се преговори кои според нив веќе се во завршна фаза.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Најавите се дека Николов до крајот на оваа недела ќе потпише договор со турскиот клуб. Играчот за врска во кариерата настапуваше уште за Брегалница, академијата на Георге Хаџи, Фарул Констанца, Вардар, Фхервар и Лече.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…