Директорот на Милан, Звонимир Бобан најверојатно денес ќе биде отпуштен од функцијата во клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Бобан во разговор за „Газета дело спорт“ потврди дека во Милан има „две струи“ и директно го обвини генералниот директор Иван Газидис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После таквата изјава додатно се зголеми јазот помеѓу Газидис од една страна и Бобан и Малдини од друга страна, па Хрватот ќе биде отпуштен, а се шпекулира дека и Малдини исто така ќе го напушти клубот.
Газидис е човек од доверба на компанијата „Елиот“ која е соптсвеник на клубот, па поради тоа Бобан и Малдини најверојатно ќе ги напуштат директорските функции.
Газидис без нивно знаење веќе преговарал со Ралф Рагник, кој од следната сезона треба да биде тренер, но и спортски директор во Милан и ќе има комплетна слобода да го гради тимот.
„Ние сонуваме уште утре да направиме нешто големо. Но, „Елиот“ има поинаква визија и сака да гради тим околу млади таленти, како што тоа го прави Арсенал“, прокоментира Бобан за „Газета“.