Фудбалскиот клуб Лион одлучи да отстрани од првиот тим Жером Боатенг, пренесуваат француските медиуми.
Дефанзивецот не се наоѓа во конкуренција за натпреварот со Ница поради своето однесување. Минатото лето Боатенг пристигна во Лион после десетгодишната авантура во Баерн. Очекувањата од него беа големи, но започнаа проблеми поради неговото однесување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред две ипол недели на еден од тренинзите влезе во расправија со Бруно Гуимараеш, а соиграчите мораа да ги раздвојуваат да не дојде до физичка пресметка. Гуимараеш во зимскиот преоден рок направи трансфер во Њукасл.
Потоа следуваше и еден инцидент со тренерот. Боатенг влегол во канцеларијата на Бош и почнал да му зборува за тактиката, го убедувал дека тимот треба да иг ра со четворица во одбраната, а не со тројца.
Тоа било моментот кој пресудил холандскиот стратег да го исфрли од тимот. Колку Боатенг ќе биде отстранет останува да видиме.