Италијанскиот клуб Рома потврди дека сите влезници за полуфиналниот дуел со Ливерпул во Лиагата на шампиони се продадени во рекорден рок.
Во Рим владее голема фудбалска еуфорија, а елиминацијата на Барселона во четвртфиналето додатно ја „запали“ атмосферата. Прво беа пуштени во продажба 22.000 влезници кои веднаш се распродадоа, а потоа започна продажбата на преоснатите 35.000.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на италијанските медиуми навивачите на Рома го „разграбале“ сите влезници за само 3 часа, па сега е веќе невозможно да се набават билети за дуелот кој е закажан за 2-ри мај.
Навивачите чекале пред продажните места и по 36 часа за да дојдат до билет, а откако биле пуштени во продажба се продале за рекордно време.
Првиот полуфинален натпревар се игра на „Енфилд“ на 24-ти април, а реваншот е на „Олимпико“ седум дена подоцна.