Дома Македонски спорт Билетите за ракометниот спектакл на 3. јануари пуштени во продажба!

Билетите за ракометниот спектакл на 3. јануари пуштени во продажба!

Билетите за ракометниот спектакл на 3. јануари со почеток од 19:00 часот кој ќе биде испраќање за повеќе македонски ракометни легенди се веќе во продажба од денес од 12:00 часот.

„Билетите за нашиот голем хуманитарен ракометно музички настан се веќе во продажба преку МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Не го пропуштајте спектакуларниот ракометен меч помеѓу актуелните и поранешните ракометни репрезентативци проследен со трето, музичко полувреме на кое ќе настапат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Водител на настанот е Сашко Коцев.

Приходите од продажба на билетите ќе бидат наменети за СОС Детско село.

Израдувајте некого за празниците и нека победат нашите“, објави Ракометната федерација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…