Tренерот на германскиот бундеслигаш Аугусбург Хелко Херлич нема да биде на клупата на неговиот клуб во сабота во првиот натпревар во продолжувањето на сезоната.
Херлич требаше да дебитира како тренер во сабота против Волфсбург кога ќе продолжи германското првенство. Тој нема да биде на клупата затоа што го напуштил карантинот за да купи паста за заби.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Погрешив го напуштив карантинот и морам да ја прифатам ситуацијата“:
Освен што нема да биде на натпреварот тој не ќе може да го води и тренингот на неговиот тим пред натпреварот.
Бундеслигата продолжува утре и таа е прва од најсилните европски првенства кои се враќаат на терените. Сите фудбалери и тренери се во задолжителен карантин седум дена пред почетокот на првенството со цел да се намали ризикот од зараза.
Поранешниот германски репрезентативец, Херлич на 10. март беше поставен за тренер на Аугусбург на чија клупа го замени Мартин Шмид.