Aнглиски Евертон игра сезона која е далеку под очекувањата на навивачите и ќе мора да бара шест менаџер во последните пет години.
„Карамелите“ во овој момент се во зоната на испаѓање во Премиер лигата и островските медиуми се занимаваат со прашањето кој ќе биде наследник на Лампард кој вчера доби отказ. Ламард не се прослави и клубот го водеше помалку од една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот „Скај“ пренесува дека раководството на клубот покажало интерес за тројца тренери. Во прашање биле Марсело Биелса, Шон Дајч и Томас Франк. Биелса наводно е фаворитот.
Популарниот „лудак“ без ангажман откако минатиот февруари доби отказ во Лидс. Се поврзуваше со клупата на Борнмут, но таму пристигна Гери О’Нил. Дајч од друга страна е поранешен менаџер на Брентфорд, а Томас Франк сегашен и му оди добро.
Евертон следниот натпревар го игра на 4-ти февруари и тоа против лидерот на табелата Арсенал. Тимот до доаѓањето на новиот менаџер ќе го предводат Пол Тејт кој го води У21 тимот и Лејтон Беинс од У18.