Дома Фудбал Бившиот шеф на судиите и предложил на Барселона да и помага и со ВАР

Бившиот шеф на судиите и предложил на Барселона да и помага и со ВАР

Бившиот шеф на судиите Хосе Марија Негреира и предложил на Барселона да и помага и со ВАР технологијата.

Тоа денес го откри „Мундо Депортиво“ после скандалот кој избувна за можна злоупотреба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Беше откриено дека каталонскиот клуб исплатил скоро 7 милиони евра на компанијата DASNIL 95, која е сопственост на синот на Негреира. Тоа се случило од 2016 до 2018 година кога на чело на Барселона беше Бартомеу.

Договорот помеѓу двете страни е прекинат кога Негреира беше смеет од потпретседателското место во судиската комисија. Меѓутоа, тој продолжил да му нуди помош на Бартомеу и последен пат во 2020 година понудил да му помага и со одлуките на ВАР технологијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…