Дома Фудбал Беше шампион со Лестер во Премиер лигата. Сега објави што работи и ги изненади сите

Беше шампион со Лестер во Премиер лигата. Сега објави што работи и ги изненади сите

Дени Дринквотер (34) беше дел од тимот на Лестер Сити кој во сезоната 2015/16 изненадувачки ја покори конкуренцијата во Премиер лигата и ја освои титулата со десет бодови пред второпласираниот Арсенал.

Само две години пред тоа, со Лестер, тој освои влез од Чемпионшип во Премиер лигата. По освојувањето на титулата, тој доби повик и во англиската репрезентација, а нешто подоцна направи трансфер вреден 37,9 милиони евра во Челзи. Денес работи на градилиште.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


По бајката со Лестер, падот на Дринквотер започна со преселба во Челзи каде не успеа да избори место во тимот. Повредите почнаа да си го прават своето, беше испратен на позајмица и кариерата му заврши во 2022. Во меѓувреме имаше проблеми и со законот.

Покрај тешката фудбалска ситуација, тој имаше проблеми и во приватниот живот. Почнал да излегува навечер, а една вечер завршил во затвор. Тој доживеал сообраќајна незгода по која бил уапсен и поради која му била одземена возачката дозвола 20 месеци.

Две години од неговата кариера, тој ги изненади своите следбеници на Инстаграм со објава од неговата нова работа, која предизвика негативни коментари и потсмев. Дринквотер одговори дека градилиштето е негов избор и дека му се допаѓа тоа што го прави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…