Тимот на Барнли денес на свој терен го пречека третопласираниот тим на премиерлигашката табела Тотенхем во рамките од 27-то коло во првенството.
Денешниот натпревар го обележи враќањето на Хари Кејн кој се опорави од тешлатап овреда и се најде во стартниот тим против Тотенхем.
Во првиот дел не видовме премногу добри шанси, па на полувреме се замина со резултат 0:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак вториот дел донесе многу подобар фудбал. Возбудувањата започнаа со одличниот удар на Кејн од далечина во 50-тата минута, но голманот на Барнли беше на висина на задачата.
Седум минути подоцна Барнли стигнува до предност. Мекнели нафрли о корнер, а голот за водство на домаќините го постигна Крис Вуд.
Возврати Тотенхем преку Хари Кејн во 65-тата минута. Одличниот Кејн го издржа дуелот со дефанзивците на Барнли и го матираше противничкиот голман за 1:1.
Сепак, иако се очекуваше притисок на Тотенхем после изедначувањето, Барнли беше тимот кој создаде подобри прилики.
Таквата игра им се исплатеше во 84-тата минута кога Барнес се најде на вистинското место и погоди за 2:1.
Oвој пораз за Тотенхем веројатно значеше и крај на шампионските амбиции, па поради тоа и на Маурисио Покетино му беше потешко да го прифати.
Тренерот на Тотенхем беше незадоволен и после натпреварот имаше што да му приговори на главниот судија Мајк Дин.
Mauricio Pochettino was NOT happy with Mike Dean at full time! ? pic.twitter.com/w0r0FTRUiI
— Soccer AM (@SoccerAM) February 23, 2019