Француското фудбалско првенство и англиската ПЛ се неспоредливи. Така барем мисли португалскиот играч за врска, Бернардо Силва, кој изминатото лето црвениот дрес на Монако го замени со оној на Манчестер Сити.
На одличниот плејмејкер му беше потребно речиси половина година да се навикне на англискиот фудбал, но и барањата на Пеп Гвардиола. Каталонскиот стратег кај него предизвика најголеми импресии.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Она што е најимпресивно кај Гвардиола е што секогаш сака да добие повеќе и повеќе. Кога победува 10 пати во низа, тој сака и 11. и 12. триумф, а кога освои 20, сака 21. Неговите амбиции и глад се нешто импресивно“, истакна Силва.
„Граѓаните“ помеѓу август и декември го соборија рекордот во ПЛ со 18 триумфи во низа, а во таа низа срушен е Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
„Мислам дека тоа беше најважна победа, бидејќи имавме неколку бодови повеќе од нив. По тоа славје се качивме на поголемо ниво“.
ПЛ е сон речиси на секој фудбалер.
„Ова е една од највозбудливите, ако не и најинтересните лиги на светот. Каде и да играте стадионите се секогаш полни. Лигата е конкурентна и физички многу силна. Судиите не свират така често како во другите лиги, така што се ова беше едно исклучително големо искуство за мене. Многу сум среќен што сум дел од ПЛ“.
„Се почна одлично од стартот, играчите, клупските соблекувални, навивачите. Моето добредојде беше навистина фантастично, сите ми помогнаа да се прилагодам на клубот и градот, бидејќи не е лесно да го промените клубот. Но, со овие фантастични играчи, персонал, играчи и навивали, беше многу полесно“, истакна Силва.
Португалецот оваа сезона во сите натпреварувања забележа 44 настапи во дресот на „Граѓаните“ и постигна седум погодоци.