Пари Сен Жермен според последните информации тргнува по потписот на Бернардо Силва.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е сериозно заинтересиран да го „украде“ Силва од пред носот на Барселона и да го доведе во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот сериозно ја разгледува опцијата да го напушти Манчестер Сити после пет години, неговата желба е Барселона, но не е исклучена можноста ПСЖ сериозно да се вмеша и да го убеди да се врати во Лига 1.
Во Франција Силва го предводеше Монако до историската титула во сезоната 2016/2017 заедно со Фалкао, Мбапе и Фабињо, па така нема да му треба многу да се прилагоди.
Неговата цена ќе биде помеѓу 80 и 85 милиони евра што нема да биде проблем за ПСЖ, додека во Барселона прво би требало да го продадат Де Јонг.
Силва може да игра не неколку позиции и во скоро сите формации, па така не е изненадување што е желба на Чави и Галтие.