Бернардо Силва стави крај на сите шпекулации и потврди дека нема да го напушти Манчестер Сити во летниот преоден рок.
Во текот на целото лето Португалецот се поврзуваше со трансфер во Барселона, па дури и Сити потврди дека нема да му стои на патот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Барселона не беше спремна да ја плати високата трансферна сума, па Бернардо Силва потврди дека останува на „Етихад“.
„Останувам во Манчестер сити. Немам добиено никаква понуда. Останувам во Манчестер, тука сум среќен и одлуката е донесена“, изјави Силва.
Португалецот е дел од Манчестер Сити од летото 2017 година, кога дојде од Монако и има долг договор со „граѓаните“.