Славниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов во едно интервју за англиските медиуми ги коментираше случувањата во Манчестер Јунајтед.
До пред неколку години Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон доминираше со англискиот фудбал, а Бербатов беше дел од тимот токму во тоа време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот истакна дека тогаш сите се плашеле од „црвените ѓаволи“, нешто што не е случај во моментов.
„Во моментов ниту една екипа не се плаши од Манчестер Јунајтед. Тоа е логично, кога ќе ја погледнат табелата, ќе видат каде се наоѓа Јунајтед и сфаќаат дека имаат шанса да си освојат бодови на Олд Трафорд“, коментира Бербатов.
„Во средата го гледав нивниот меч со Рочдејл во Лига купот. Фудбалерите на Рочдејл играа храбро, слободно, како да не гостуваа на легендарниот Олд Трафорд. Порано не беше така. Порано противниците ги полнеа гаќите уште во тунелот, пред да излезат на теренот“, додава поранешниот напаѓач.