Потегот на Хатем Бен Арфа пред две години да ја напушти Ница и потпише за ПСЖ се покажа како целосно погрешен.
Откако го напушти Њукасл овој фудбалер одлучи да се врати во Франција каде што потпиша за Ница и таму ја оживеа својата кариера. Одигра две фантастични сезони и повторно го сврте вниманието на големите европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За негова нова дестинација го избра Пари Сен Жермен и на крајот тоа се покажа како погрешен потег. Од доаѓањето на „Паркот на Принцовите“ воопшто не ја доби минутажа која ја очекуваше и голем дел од натпреварите помина на трибините. Поради тоа беше јасно дека ова лето ќе мора да пронајде нов клуб.
Интерес за неговите услуги прво покажаа Бенфика и Рен, но на крајот во трката се вклучи и неговиот поранешн клуб Ница. Француските медиуми пренесуваат дека Бен Арфа разговарал со сите клубови, но дека на крајот донел одлука како слободен играч да потпише за Нива.
Потврдата за неговиот трансфер во Ница се очекува во наредните неколку денови.
Навистина интересно ќе биде како во Ница ќе функционира Бен Арфа со Марио Балотели, кој многу веројатно нема да го напушти клубот во овој преоден рок.