Пред стартот на пролетнаѕта сезона во ВМФЛ Запад Вардар го промовираше и последното засилување за време на зимската пауза.




Ново име во таборот на црвено-црните Бенјамин Демир, поранешниот младински репрезентативец кој во последниот период промени повеќе клубови.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
“Бенјамин Демир е последното засилување за нашата екипа пред продолжението на пролетниот дел од сезоната. Офанзивниот крилен фудбалер ни доаѓа од ФК Скопје, а кариерата ја почна во нашата младинска школа.




Добредојде дома Бени!“, порачаа од Вардар.




Во првиот натпревар од вториот дел од сезоната Вардар ќе гостува кај Охрид. Натпреварот се игра в сабота со почеток од 14:00 часот.