Дома Фудбал Бензема ги критикува соиграчите: Винсисус и Касемиро за „Ел Класико“ се спремале со пиење и играње ФИФА!

Бензема ги критикува соиграчите: Винсисус и Касемиро за „Ел Класико“ се спремале со пиење и играње ФИФА!

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи и со 4:0 беше поразен од Барселона на „Бернабеу“.

„Кралевите“ одиграа еден од своите најслаби натпревари и Барселона во целост ги надигра, ако се земат во предвид шансите на натпреварот победата можеше да биде и поубедлива.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Карло Анчелоти малку експериментираше со формацијата откако не можеше да смета на повредениот Карим Бензема и се покажа дека формациите 4-4-3 и 3-5-2 беа целосни промашувања.

Се покажа дека Бензема е најдобриот играч на Реал во последните неколку сезони и дека без него во тимот Анчелоти нема решение. Французинот сега отворено зборуваше и ги критикуваше своите соиграчи.

„Овој пораз од Барселона се случи затоа што ги потценивме. Вчера кога се разбудив видов како Винисиус и Касемиро заедно пијат и играат ФИФА. Ги прашав зошто не се одмараат пред важниот натпревар, а Винисиус ми одговори „Нема потреба, тие се без Меси““, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Данска покажа „заби“, но Германија се пласираше во четвртфиналето 🎥

Германија со истиот резултат како и Швајцарија претходно против Италија (2:0) славеше побе…