Toрино предводен од Андреа Белоти успеа да направи пресврт против Милан и на крајот да слави со резултат 2:1.
Криштоф Пјонтек го доведе Милан во водство во првото полувреме со удар од белата точка, за Белоти во второто полувреме со два гола (72-ра и 77-ма) донесе победа на Торино. Посебно италијанскиот напаѓач воодушеви при постигнувањето на вториот гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во првото полувреме не бевме премногу добри. Му дозволивме на Милан да има контрола над натпреварот и тие не натераа да трчаме по топката. На полувремето се погледнавме едни со други и нешто се промени. Од нас излезе бес и одлучност, бидејќи после два врзани порази не сакавме трет. Тоа би било фрустрирачки. Им благодарам на навивачите кои беа покрај нас и ни дадоа сила да направиме пресврт“.
„Првиот гол – беше тоа одлична топка на Ринкон, се најдов во добра позиција и успеав да пронајдам празен простор за шут. Тоа ни даде самодоверба дополнително да го забрзаме темпото…Вториот гол беше инстиктивен, топката ме погоди во левото стапало, отскокна и го направив само она што можев“, објасни Белоти“
76' Belotti#SofaScore #TOR #MIL pic.twitter.com/nFpMtZ9EFI
— Daniel Różański (@ciubi8) September 26, 2019