Челзи синоќа ја елиминираше Борусија Дортмунд од Лигата на шампиони откако славеше со 2:0 на „Стенфорд Бриџ“.
Меѓутоа, фудбалерите на Дортмунд се лути поради вториот гол на Челзи, кој дојде после сомнителен пенал, кој Хаверц го изведуваше два пати.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ѕвездата на Борусија, Белингем не го криеше својот револт во интервју после мечот.
„Ако кажам што навистина мислам, ќе треба да платам многу пари. А веќе имам платено премногу за вакви изјави. Самото досудување на пеналот беше сопрно, а потоа втората шанса да се изведе изгледаше како шега“, изјави Белингам.