Белгиската репрезентација ја оправда фаворитската улога и со втора победа по ред се пласира во осминафиналето на ЕП.
Шокираната Данска одигра добар натпревар, но го запиша вториот пораз иако одлично го започна мечот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Јусуф Полсен погоди на самиот старт со вториот најбрз гол на Европските првенства, а до крајот на полувремето гледавме израмнет дуел.
Белгијците во вториот дел доминираа и стигнаа до комплетен пресврт. Торган Азар во 55 минута израмни за 1-1, а веќе во 70 минута Де Брујн погоди и за водство, но и победа за фаворитот од 2-1.