Дома Фудбал Италија Белгиецот го живее своето прво четвртфинале: Не можам да опишам колку сум еуфоричен

Белгиецот го живее своето прво четвртфинале: Не можам да опишам колку сум еуфоричен

Играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан беше среќен поради пласманот на неговиот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Рома славеше против Шахтјор на „Олимпико“ со 1:0 и на тој начин се пласираше понатаму, а Наинголан истакна по средбата дека е во еуфорија со оглед на тоа дека за него ова е прво четвртфинале во ЛШ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Работевме напорно, дадовме се од себе, а многумина ја сонувавме следната фаза, сметајќи и на мене. Ова ми е прво четвртфинале во ЛШ и се чувствувам еуфорично. Севиља го елиминираше Манчестер Јунајтед, така што никој не треба да се потцени. Атмосферата на стадионот беше одлучна. Уживавме и ние играчите и навивачите. Сега сакаме заедно да чекориме напред“, истакна Наинголан.

Римјаните во петок попладне ќе ја очекуваат ждрепката по која ќе се знае името на следниот ривал во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…