Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.
Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.
Особено блеска оваа сезона каде на 30 меча директно учествуваше во 15 погодоци за Челзи, па се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата.
Челзи во моментов се наоѓа во лоша финансиска состојба и многу ѕвезди би можеле да заминат на лето, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Англичанецот е најголема желба на Анчелоти во летниот преоден рок.