Германската тениска легенда Борис Бекер ја искритикува публиката на Вимблдон поради нефер навивањето против Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер одиграа епско финале, кое на крајот му припадна на Србинот, но публиката на Вимблдон беше видно на страната на Швајцарецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По освојувањето на 16 Гренд-слем титули, луѓето треба да ги отворат очите и да ја видат големината на Новак. Тој е меѓу најголемите, ваквото однесување само дополнително го мотивираше Новак Ѓоковиќ да се бори во петтиот сет. Беше малку иритиран, упати неколку остри погледи кон публиката, но така тој функционира, така размислува“, истакна Бекер.
„Федерер е најголемиот на Вимблдон и заслужил да биде обожаван од сите, но од друга страна морате да го почитувате малку повеќе Новак Ѓоковиќ кој имаше четири титули пред финалето. Новак дојде на забава која требаше да биде забава на Роџер и Рафа и на крајот им ја расипа забавата. Мислам дека луѓето ќе сватат за каков великан станува збор“, додаде Германецот.