Дома Останати Тенис Бекер: Ѓоковиќ не ми веруваше дека против Надал треба да форсира форхенд

Бекер: Ѓоковиќ не ми веруваше дека против Надал треба да форсира форхенд

Германската легенда Борис Бекер во интервјуто за „Еуроспорт“ откри какви совети му давал на Новак Ѓоковиќ пред мечевите со големиот ривал Рафаел Надал.

Како што самиот откри Бекер го советувал Новак на бекхендот на Надал да игра форхенд. На почетокот Новак не верувал дека тоа ќе му донесе успех против Шпанецот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Го советував Ѓоковиќ да игра форхенд против Надал, бев убеден дека така може да направи проблем во играта на Надал. Многу играчи не би смееле тоа да си го дозволат против Рафа, но Новак е поинаков“, изјави Бекер.

Бекер беше тренер на српскиот ас во перидот од 2014 до 2016 година. Во тој период Ѓоковиќ освои 21 титула.

Ќе потсетиме Ѓоковиќ неодамна запиша убедлива победа против Надал во финалето на Австралија Опен (3:0) со кого сега има скор од 28 победи и 25 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер дивееше во Шангај – гаѓаше со рекет кон публиката и можеше да ги повреди навивачите (Видео)

Што е дозволено за едни, не е за други! Нов инцидент на тенискиот терен покрена лавина од …