Славниот германски тенисер Борис Бекер ќе мора да ги даде сите свои троифеи на аукција за да се спаси од банкрот кој беше прогласен од страна на судот во Лондон минатото лето.
Бекер изгуби скоро 100 милиони евра на пропаднати инвестиции во нафтен бизнис во Нигерија. Имаше голем долг (не е познат колкав) кон лондонската банка од кој сакаше да се извлече.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека траеше процесот во кој Бекер се обидуваше да се извлече решение за банкрот привреме беше „замрзнато“, но на крајот се донесе одлука дека не е во право.
Ова значи дека на Бекер ќе му биде запренет целиот имот, а трофеите ќе му бидат продадени на аукција. Нивната вредност се проценува на 220.000 фнти, но се очекува на аукцијата да достигнат поголема цена.