Дома Останати Тенис Бекер кон Новак: Барај нов тренер, Агаси го нема кога најмногу ти треба!

Бекер кон Новак: Барај нов тренер, Агаси го нема кога најмногу ти треба!

Новак Ѓоковиќ денес доживеа елиминација од Ролан Гарос, па повод тоа во светот на тенисот се појавија бројни реакции.

Борис Бекер веќе неколку месеци не е во тимот на Новак, а сега може да се каже дека работите не се промениле многу на подобро кога во прашање е играта на српскиот тенисер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Напротив, Ѓоковиќ сеуште е далеку од шампионската форма, а за тоа доволно зборува денешната елиминација.

Бекер после поразот испрати порака до Србинот.

Новак Ѓоковиќ ќе мора да донесе конечна одлука. Започна да работи со Андре Агаси, новиот супер-тренер. Меѓутоа, Агаси не беше тука кога на Новак му беше најпотребен. Ѓоковиќ ќе мора да побара нов тренер за турнирите. Се зборува дека разговарал со некои од тренерите кои ќе го поддржат. Но, тоа мора да се случи што побрзо, а не во текот на Вимболдон бидејќи Ѓоковиќ мора што подобро да ги искористи наредните три или четири недели“, изјави Бекер.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка проба хот-дог од 100 долари, нејзината реакција кажува сѐ (Видео)

Најдобрата тенисерка во светот, Арена Сабаленка, влезе во полуфиналето на ВТА 1.000 турнир…