Златан Ибрахимовиќ и Девијд Бекам често пати знаат да комуницираат преку социјалните мрежи, така беше и во текот на Мундијалот кога се обложија за натпреварот помеѓу Англија и Шведска.
Сега прославениот англиски фудбалер, а денес претседател на Мајами му честиташе на Ибра за големото достигнување и постигнувањето на 500-тиот гол во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекам до Ибра испрати видео порака до Ибрахимовиќ и тоа преку профилот на неговиот клуб, Лос Анџелес Галакси.
„Златан, сакам да ти честитам. 500 голови каква кариера, какво достигнување! Беше задоволство да се игра со тебе и против тебе, ми беше задоволство да ти бидам пријател. 500 голови значат и дека си многу стар. Честитки другар. Мораш да поработиш само на срамежливоста. Доколку го направиш тоа ќе бидеш уште подобар. Честитки“, гласи видео пораката на Бекам.
"500 goals! That makes you really, really old." ?
David Beckham congratulates @Ibra_official on #Zlatan500 ? pic.twitter.com/RIS7178Zbt
— LA Galaxy (@LAGalaxy) September 17, 2018
Не се чекаше долго за да стигне одговорот од другата страна.
„Пријателе ти благодарам. Се согласувам, стар сум. Ќе поработам на срамежливоста, треба да бидам подобар на тоа поле“, возврати Швеѓанецот.
My friend! Thank you very much.
I agree with you, i'm old.
Will work on my shy side, I definitely need to improve on that. https://t.co/m8KHqQJBAW— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 17, 2018