Дома Фудбал Останато Без „влакна на јазикот“: Платини остро ги нападна Чеферин и Инфатино – тие се никој и ништо!

Без „влакна на јазикот“: Платини остро ги нападна Чеферин и Инфатино – тие се никој и ништо!

Поранешниот фудбалер и прв човек на УЕФА Мишел Платини даде интервју за „Тутоспорт“ во кое остро ги критикуваше претседателот на УЕФА Александар Чеферин и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.

Платини без „влакна на јазикот“ го кажа своето мислење за предводниците на европскиот и светскиот фудбал обвинувајќи ги дека ништо не знаат за фудбалот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Тие двајца се никој и ништо! Немаат врска со фудбалот! Тие се таму за моќ и влијание, иако никогаш не трчаале по топка. Инфантино никогаш не раководел со клуб или федерација, а сега е претседател на ФИФА!? Фудбалот треба да го раководат поранешни играчи и тренери, луѓе како Баџо, Дел Пјеро, Клоп, Гвардиола, Халанд, Мбапе… – изјави Платини.

„Тој беше суров и кога се во прашање промените во фудбалот“

„Не ми се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите. Ќе се играат повеќе натпревари, но само за да се соберат повеќе пари, без никаква логика. Мислам дека тоа беше поради притисокот поради најавата за формирање на Суперлигата. Но, Суперлигата сепак ќе се игра еден ден“ – смета Платини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тренираше во Сити со Халанд и Де Брујне, но се откажа од фудбал = ќе имал досаден живот, сакал да учи!

Поранешниот млад талент на Манчестер Сити, Хан Вилхофт-Кинг, го изненади фудбалскиот свет …