Вардар нема да биде дел од Супер Глоуб турнирот во Доха, или неофицијалното светско ракометно првенство. Црвено-црните кои лани го освоија третото место совладувајќи ја екипата на Ал Сад, оваа година не добија вајлд карта за настап на истиот, а шанса за настап доби бундеслигашот, тимот на Фуксе Берлин. Токму германците се освојувачи на Супер глоуб турнирот во 2015 и 2016, додека минатата година загубија во финалето од екипата на Барселона.

Оваа година учесници од Европа ќе бидат Монпелје, како актуелен шампион на Европа, како и Барселона која минатата година победи на ова натпреварување и Фуксе Берлин.  Претставник на домаќинот е Ал Сад, додека Ал Најма од Бахреин ќе ја претставува Азија. Хамамет од Тунис е тимот од Африка, додека Универзитетот Сиднеј е најдобриот тим од Океанија. Таубате од Бразил го затвора списокот како шампион на Пан-Америка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Оваа година, Супер глоуб турнирот ќе се одигра во периодот од 16-19-ти октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…