На Автопатот А1 во Хрватска денес околу 11:20 часот пресметка имаа припадниците на БББ и Торцида.
Бојси тргнаа кон Сплит каде што Динамо игра со Слога од Мравник, а Торцида кон Загреб каде штп Врапче го дочекува Хајдук.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според хрватските медиуми полицијата добила дојава за тепачка, но кога пристигнала на местото таму повеќе немало никого освен нередот кој го оставиле двете навивачки групи.
Медиумите во Хрватска стигнаа и од изјава од очевидци.
„Пресметката траеше десетина минути. Бад Блу Бојс со палки тргнаа кон припадниците на Торцида. Оштетија и неколку автомобили кои се наоѓаа на паркингот“, гласи изјавата на еден од очевидците.



