Дома Топ вести Барухан: Заслуживме да победиме против Алавес

Барухан: Заслуживме да победиме против Алавес

Привремениот тренер на Барселона Серхи Барухан дебитираше со реми против Алавес од 1:1.

Во првиот натпревар на новиот привремен стратег продолжи тешкиот период. Барухан смета дека неговиот тим требало да победи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Резултатот не е во склад со она што го прикажавме затоа што игравме добро. Го контролиравме натпреварот и создававме шанси за гол. На паузата корегиравме некои недостатоци и тоа се забележа, сепак противникот успеа да изедначи. Штета за приликите кои ги пропуштивме“, изјави Барухан.

Во вторник Барселона ќе игра против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

„Немав многу време за работа Ако го водам тимот против Динамо Киев ќе се подготвиме на ист начин. Не е лесно да се застане брзо на нозе после еден лош период“, истакна Барухан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Барселона веќе сериозно работи на плановите за следната сезона, и чини се дека една од гла…