Хосеп Марија Бартомеу објави што клубот ќе направи доколку се спроведе одлуката на каталонскиот народ со референдумот за одцепување од Шпанија.
Потсетуваме, над 90% од оние што гласаа на референдумот беа за независност, а каталонските власти тврдат дека ваквата изразена волја на народот е обврзувачка.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Во случај на независност, клубот и неговите членови ќе одлучат во која лига ќе играме. Поминуваме низ тежок, комплициран период. Со оглед на она што ќе се случи во иднина, ќе одлучиме мирно и смирено“, откри претседателот на Барселона.
Англиските и француските медиуми тврдат дека Барса сериозно смета да побара прием во Премиер лигата или пак Лига 1. Исто така, интересно ќе биде да се види што ќе се случи со Еспањол и Џирона, кои исто така се каталонски клубови.