Барселона изминатиот викенд успеа на свој терен да го победи Леванте со 3:0 и тоа до некаде ја симири ситуацијата помеѓу навивачите.
Пред натпреварот против Леванте тимот не беше во добра форма и гласно се бараше, а шпанските медиуми и големо најавуваа дека Куман ќе добие отказ. Со добрата игра против Леванте ситуацијата малку се смири. Но, сега следи еден период на тешки натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утре Барса ќе игра против Бенфика во Лигата на шампионите, а потоа ја чека навистина пеколен распоред. Барселона прво за викендот ќе гостува на Атлетико Мадрид. Потоа следи репрезентативна пауза.
По репрезентативната пауза Каталонците ќе ја пречекаат Валенсија, па Динамо во Лигата на шампионите. По средбата со хрватскиот тим Барса ја чека „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 24. Октомври.
За Куман ова можеби ќе биде и клучен период, ако се суди по играта пред Леванте тешко дека може да го дочека послесниот распоред кој следи во ноември.