Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи е ставен на трансфер листа.
Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот и веќе ја одреди цената.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Њукасл и Евертон кои покажуваат силен интерес и се спремни да платат 20 милиони евра, колку што бара Барселона.
Депај е отворен за враќањето во Премиер лигата, каде пред неколку години имаше неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.