Бразилецот Кутињо скоро сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.
Кутињо на почетокот на 2018 година стигна во Барселона како големо засилување од Ливерпул за неверојатни 160 милиони евра. Бразилецот стана најскапо засилување во историјата на Каталонците, но не ги оправда очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Куман му даде шанса на Кутињо да се докаже, но Бразилецот не ја искористи и не воодушеви со своите настапи. Скоро цел втор дел од сезоната го пропушти поради повреда и јасно станува дека повеќе нема да заигра за Барселона.
„Марка“ сега објави дека Барселона ја добила и првата официјална понуда и станувало збор за француски Марсеј. Марсеј е спремен да започне преговори за Кутињо и одлучни се за да издвојат околу 30 милиони евра за негово доведување што е многу помалку од она што Барса го плати за него.
Покрај Марсеј интерес за Кутињо покажале уште Евертон и Арсенал, меѓутоа од овие клубови конкретни понуди се уште немало.