Ако им се верува на шпанските медиуми раководството на Барселона во зимскиот преоден рок може да направи еден неочекуван потег.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона сака да го донесе Бранислав Ивановиќ, искусниот дефанзивец кој моментално настапува за Зенит.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона има проблеми во одбраната па Ивановиќ би требало да претставува привремено решение до крајот на сезоната, кога Барселона ќе тргне по ѕвездата на Ајакс, Матијас де Лихт.
Каталонците имаат проблем поради повредите на Умтити и Вермален, па во Ивановиќ гледаат идеално решение и сакаат да го донесат на позајмица до крајот на сезоната.
Србинот има договор со Зенит до јуни 2019 година, па би бил ефтина опција за Каталонците.