Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не е задоволен на „Етихад“ и сака на лето да ја промени средината.
Португалскиот фудбалер летово беше блиску до преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од трансферот поради преголемата сума што Сити ја бараше за обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега и Манчестер Сити е расположен да го продаде Силва за сума од околу 70 милиони фунти, но и таа сума е преголема за Барселона.
Медиумите пишуваат дека каталонскиот клуб ќе мора да се откаже од Португалецот бидејќи има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава фудбалери за да прави трансфери.
🚨 Barcelona are unlikely to pursue a transfer for Bernardo Silva because Manchester City will expect about £70m to sell the midfielder.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 12, 2023
(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/k5JYASm4kt