Дома Трансфер зона Барселона се договорила со Сити – го купува Силва на три рати?!

Барселона се договорила со Сити – го купува Силва на три рати?!

Португалецот Бернардо Силва е на излезни врати од Манчестер Сити, а според последните информации тој би можел да се пресели во Барселона.

Силва во изјавите за неговата иднина не криеше дека сака во иднина да игра во Барселона, а изгледа дека оваа желба наскоро и ќе му се оствари. Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор со Манчестер Сити.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Најавите од медиуите се дека каталонскиот гигант ќе плати сума од 57 милиони евра и тоа на рати во следните три години.

Барселона мора да внимава со трошењето поради финансиската криза од која се уште не е излезена во целост.

Ако се остварат најавите Силва би можел да ја засили Барселна од 1. јули. Дресот на Манчестер Сити Португалецот го носи од 2017 година и во изминатиот период одигра 233 натпревари во кои постигна 33 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Жил Кунде

Англискиот гигант Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски р…