Дома Фудбал Барселона остана без двајца важни фудбалери!

Барселона остана без двајца важни фудбалери!

Според извештаите на медиумите во Шпанија, Барселона во следниот период нема да може да смета на двајца важни фудбалери.

Станува збор за португалскиот репрезентативец Андре Гомеш, како и за поливалентниот играч Серхи Роберто.


Поранешниот играч на Валенсија надвор од терените ќе биде три до четири недели, додека Серхи Роберто ќе мора да одмара цели 5 недели.

Ова значи дека „амбулантата“ на „Камп Ноу“ станува се поголема бидејќи овие двајца фудбалери им се придружија на Рафиња, Осман Дембеле, Арда Туран, Видал и Иниеста, кои исто така се надвор од тренажен процес поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси се враќа за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави неговиот прелиминарен список на фудбале…