Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави денеска дека обезбеди 1.6 милијарди евра за реконструкција на својот стадион „Камп Ноу“ која ќе почне на 1 јуни.
Парите се обезбедени од 20 инвеститори и дел од нив се „главни престижни финансиски ентитети во светот“, а управата соопшти и дека имотот на Барселона не е користен како гаранција за обезбедување на парите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со реконструкцијата капацитетот на стадионот ќе се зголеми од 99.300 на 105.000 седишта.
Во клубот очекуваат градежните работи да завршат до 2026 година, а првиот тим на Барселона додека трае реновирањето своите натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион.
По завршувањето на реконструкцијата Барселона очекува да заработува 247 милиони евра годишно само од стадионот.