Дома Топ вести Барселона на лето носи четири засилувања

Барселона на лето носи четири засилувања

Барселона сака значително да го засили тимот во летниот преоден рок и сака да донесе најмалку четири засилувања.

Чави прецизно ги одредил приоритетите и сака да ги засили сите линии на тимот, иако во јануари значително го засили нападот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кога е одбраната во прашање, готово сигурно пристигнува Андреас Кристенсен од Челзи како слободен агент. Двете страни веќе постигнале договор и наскоро Данецот ќе стави потпис на договор до 2027 година.

Прва мета за засилување на средниот ред е Франк Кеси од Милан, кој исто така е слободен агент. Барселона започна преговори со неговиот агент и може да го донесе без обештетување.

За засилување на бековската позиција исто треба да пристигне играч без обештетување, а на листата се Мазрауи од Ајакс и Аспиликуета од Челзи.

Поради тоа Барселона ќе може цел буџет да го потроши за Ерлинг Халанд, кој е најголема желба на раководството и на тренерот Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…