Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо на лето ќе биде слободен агент и веќе започна битката за неговиот потпис.
Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и Бразилецот донесе одлука да замине како слободен агент.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа, а понуди испратиле шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.
„Кралевите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, па веруваат дека Фирмињо идеално ќе се вклопи во таа улога.
Медиумите тврдат дека двете понуди се атрактивни за Бразилецот, кој се уште не донел конечна одлука.