Дома Топ вести Барселона испрати финална понуда за Рафиња

Барселона испрати финална понуда за Рафиња

Раководството на Барселона испратило официјална понуда до Лидс за Рафиња, пренесуваат шпанските медиуми.

Пред неколку дена англискиот клуб и постави ултиматум на Барселона за до четврток да испратат финална понуда. Според „Спорт“ Каталонците испратила понуда од 55 милиони евра плус бонуси.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа е за 5 милиони евра повеќе од претходната понуда која Лидс ја одби и во Барселона се оптимисти дека ќе биде прифатена.

Меѓутоа, англиските медиуми тврдат дека тоа е се уште мала понуда, со оглед на фактот дека Челзи понуди 70 милиони евра за Бразилецот.

Самиот играч веќе ги почна тренинзите со Лидс, но инсистира на трансфер во Барселона и веќе има договор со Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…