Интересен дуел е закажан во Израел.
Барселона требаше да игра пријателски натпревар против Виљареал, но противникот е заманет и Каталонците на 4. август ќе гостуваат во Израел.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во главниот град на Израел, Ерусалим, Беитар ќе ја пречека Барселона. Во Ерусалим требаше да се игра дуелот помеѓу Барселона и Виљареал, но победникот од Лига Европа го откажа тој дуел па Барселона за ривал ќе ја има домашната екипа.
И додека Израелците пишуваат за доаѓањето на големите ѕвезди, Шпанците се базираа на еден интересен податок. Имено, екипата на Беитар од клупата ја води Ервин Куман, брат на тренерот на Барселона, Роналд Куман.